Дома / Новости / Воннаставни активности како дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Воннаставни активности како дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Под мотото ,,Заедно го прославуваме Европскиот ден на јазиците”, денес 28 септември 2021 година, учениците од VII, VIII и  IX одделение од нашето училиште заеднички го одбележаа Европскиот ден на јазиците 2021: ,,20 години славејќи јазична и културна разновидност”  под менторство на наставничката по англиски јазик Милка Петкова.

Низ цела Европа, 800 милиони Европејци застапени во 47 земји-членки на Советот на Европа се охрабрени да учат повеќе јазици, на било која возраст, во и надвор од училиштaтa. Убедени дека јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент, Советот на Европа промовира повеќејазичност во цела Европа.

Идејата е да се поттикне интерес кај децата и возрасните кон јазиците и изучување на истите.

По иницијатива на Советот на Европа, Европскиот ден на јазиците, од 2001 година, се слави секоја година на 26ти септември – заедно со Европската комисија.

За ООУ "Даме Груев" Градско

Провери

Мултикултурни работилници по повод Патрониот празник

Денес, 20.12.2021 ( понеделник) по повод одбележување на Партониот празник на ООУ ,,Даме Груев” , …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *