Дома / Е-НАСТАВА / 9 - ТО ОДДЕЛЕНИЕ / ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА 9 ТО ОДД. / Владеење на правото и правната држава (трет час)

Владеење на правото и правната држава (трет час)

Активност за час – 27.04 /01.05

Цели на наставниот час

– Да го идентификува штетното влијание на корупцијата за развојот
на личноста, групата и општеството.
– Да анализира механизми за спречување на корупцијата и заштита од коруптивни дејства

Активност за домашно

– Дали можеби сте забележале или сте слушнале за некој сличен случај?
-Како вие би постапиле доколку се најдете во
слична ситуација?
– Што мислите, како постапуваат другите во вашата околина?
-Наведете примери на коруптивно однесување
во својата средина?
– Во кои случаи не би пријавиле корупција?

Одговорете на овие ситуации за домашно

Случај 1
На преминувањето на граничниот премин, Горан немал уреден зелен картон
(осигурување на автомобил во странство). Поради тоа тој му дал 2000 ден.
на полицискиот службеник, кој по земените пари го пуштил да помине без проблем.

– Дали ова е случај на корупција?
– Зошто да? Зошто не? Објаснете.
– Како вие би постапиле на местото на Горан?
– Како би постапиле на местото на полицискиот службеник?

Случај 2
Генерален директор на јавно претпријатие дел од приходите остварени во
работењето на претпријатието ги искористил за лекување на својата мајка
за која било неопходно да се изврши операција во странство.

– Дали ова е случај на корупција?
– Зошто да? Зошто не? Објаснете.
– Како вие би постапиле на местото на Генералниот директор?
– Како би постапиле на местото на вработените?

Случај 3
Синот на Ина е многу болен. Докторот бара пари за да му обезбедат место во
болницата, за да може да се лекува. Ина дава пари на докторот и местото е
обезбедено. Наскоро болницата започнува со терапија.

– Дали ова е случај на корупција?
– Зошто да? Зошто не? Објаснете.
– Како вие би постапиле на местото на Ина?
– Како вие би постапиле на местото на докторот?

Одговорите од активностите пратете ги на nackovkiro@gmail.com

За Киро Нацков

Наставник по Историја, Граѓанско образование, Етика, Иновации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.