недела , мај 26 2019
Дома / Новости / Активност по повод одбележување на 22-ри април „Ден на планетата Земја“

Активност по повод одбележување на 22-ри април „Ден на планетата Земја“

По повод одбележување на 22-ри април „Ден на планетата Земја“ под мотото„Немаме резервна планета“, учениците како и наставниците од нашето училиште заедно со стручната служба како и техничкиот персонал, ги планираат следните активности:

1.Активност:
Во централното училиште ООУ „Даме Груев“-Градско се планира краткотрајна акција за чистење на училишниот двор и училниците(ученици од VI до IX одд.заедно со класните раководители),
2.Активност:
Изработка на „еко-пораки“ под мото „Немаме резервна планета“ и нивно истакнување на Еко таблата во Еко катчето (ученици од Еко одбор),
3.Активност:
Избор на најуметничко дело на училишниот натпревар за учество на државен натпревар организиран од Еко пакет на тема:„Електирчен апарат во домаќинството“(учениците од одделенска настава од I до V одд.заедно со нивните одделенски раководители),
4.Активност:
Учениците од ПОУ„Даме Груев“-с.Виничани,планираат украсување на стари автомобилски гуми нивно боење и фарбање и засадување со цвекиња,со цел подигање на свеста кај учениците, наставниците и пошироката јавност за реупотреба на стари гуми, а не нивно горење и расфрлање насекаде(ученици од II до IX заедно со нивните класни раководители).

Планираните активности ке се одржат на 22-ри април(понеделник) од 12h-13h.

Директор: Ленче Стојанова Еко одбор

За Сунчица Деспотовска

Провери

Извештај од одржан Регионален натпревар по Хемија

Извештај од одржан Регионален наторевар по Хемија oд одржаниот Регионален натпревар по Хемија на ден …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *