Како дел од активностите по повод Денот на нашето училиште, учениците кои посетуваат настава со физичко присуство заедно со нивните наставнички реализираа работилници во кои изработуваа новогодишни украси, и одлучија нивните изработки да ги поклонат во Амбулантата ПЗУ Др.Чаушевска – Др.Кичуков, Полициска канцеларија при ПСОН-Велес СВР Велес, и Градоначалникот на општина Градско, со цел да изразат благодарност за нивното несебично залагање, издржливост и пожртвуваност во борбата со Ковид-19.
























